Уште само три дена до клучната одлука во Америка. Завршува кампања полна со префрлања и огромна доза на ривалитет. Прашањето кое си го поставува цел свет, кој ќе седне во Белата Куќа по 3 ноември!?

Повеќе од 85 милиони Американци веќе го искористија своето право на глас на претседателските избори, вклучително и девет милиони во Тексас, каде што бројот на гласачи ја надмина вкупната излезност на последните избори. Според податоците од базата за мониторинг на гласањето наречена „Изборен проект” од Универзитетот во Флорида, предвременото гласање соборува рекорди низ САД.

Огромната излезност на предвременото гласање го одразува и големиот интерес на гласачите за изборите и нивната желба да избегнат ризик од коронавирусот и метеж на денот на изборите на 3 ноември. Или покажува голема желба за промена на претседателот Трамп? Или можеби укажува на голема поддршка и нов мандат за него?

Тоа никогаш не се знае, одговорот ќе го добиеме по изборите…