Илјадници луѓе им оддадоа почит на посмртните останки на митрополитот Амфилохије, чекајќи пред црквата Воскресение Христово во Подгорица, каде што е изложено телото на починатиот владика.

Митрополитот црногорско-приморски, Амфилохије, од народ доби почитување и поклонувањњ какво што досега не е видено во Подгорица и Црна Гора.

Огромен број луѓе дојдоа во Храмот на Воскресението да му оддадат почит на својот духовен водач.

Храмот беше мал за да ги прими сите верници, па илјадници луѓе чекаа пред црквата.

Претходно, жителите на Подгорица ги дочекаа земните остатоци на митрополитот на колена, кога тие беа пренесени од Цетиње.

Митрополитот Амфилохије утре ќе биде погребан во црквата Воскресение Христово во Подгорица, а погребната литургија ќе ја служи патријархот Иринеј.