Демонстрантите кои се противат на рестриктивните мерки за сузбивање на пандемијата на вирусот корона во Шпанија се судрија со полицијата на улиците на Барселона.

Пеесетина демонстранти ги гаѓаа припадниците на полицијата со камења и запаливи материјали, соопшти полицијата, наведувајќи дека демонстрантите биле потиснати.

Претходно, околу 700 демонстранти одржаа мирен протестен марш низ улиците на Барселона. Слични протести имаше и во Билбао, објави Ројтерс.

Шпанија воведе вонредна состојба оваа недела, и како и другите европски земји, прибегна кон драстични мерки за сузбивање на ширењето на вирусот, иако тие мерки се помалку ограничувачки од Германија или Франција.

Вонредната состојба им дозволува на регионалните власти да ја ограничат слободата на движење со воведување полициски час или забрана за движење.