Новинарот Бранко Героски најави дека во СДСМ се крчка Рекет број 3. Героски тоа го напиша на својот фејсбук профил.

Во СДСМ се крчка нов мега скандал. Рекет 3. Засега, ништо повеќе нема да кажам. Еве му шанса на Заев да се покрие дури е време, напиша Героски.

Героски не објави за кого точно станува збор, но е јасно дека се работи за висок финкционер на СДСМ.

На ова реагираше новинарот Миленко Неделковски, кој исто така на својата фејсбук страна напиша:

Рекет 3 е за огромниот криминал, рекет и злоупотреба што ја прави Мухамед Зекири Муки.

Заев се плаши да го пипне оти Муки е контактот на СДС со Стивенсон (владетелот на Македонија), напиша Неделковски.

Во коментар на фејсбук статусот за Рекет 3 Героски се дообјасни:

Премиерот Зоран Заев и пред меѓународниот фактор има преземено обврска многу посериозно да се бори против корупцијата и криминалот. И во сопствените редови. Владата има и вицепремиер за таа работа. Јас не сум ничиј душман, па ни на Заев. Иако тој е убеден во спротивното. Ќе му дадам шанса да си зачисти во својот двор. Тоа ќе биде добро и за Македонија.

Аферата Рекет 1 резултираше со испраќање на Специјалното јавно обвинителство во историјата. Во затвор завршија Катица Јанева, Бојан Јовановски, Зоран Милески Кичеец. Од политички функции во СДСМ беа сменети генералниот секретар Александар Кирацоски и Потпретседателот Фросина Ременски. Се “спаси” само Јордан Камчев.

Во Рекет 2 атакот беше на тогашниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев. Тоа е аферата Диамед. Дончев обвини дека зад таа фирма стои кумот на Никола Груевски.

Пред десет дена кумот на Груевски, Ристо Новачевски заврши во 30 дневен притвор поради случајот плацеви на Водно. Во тој случај повторно се споменува името на Камчев но и на екс премиерот Груевски за наводно “присвојување” на 1,3 милиони евра од партиската каса на ВМРО ДПМНЕ за купување плац на Водно.

По апсењето на Новачевски беше јасно дека ќе следува уште една “дагау” афера што би рекол Камчев. И еве следуваше најава за Рекет 3.

Во Рекет 1 ударот беше на Катица Јанева. Во Рекет 2 на Ден Дончев. Што е заедничко за нив? Беа ( или се уште се ? ) личности од доверба на Заев и не се членови на СДСМ. Плус им се замерени на Груевски и на Камчев. По таа логика ќе треба да се бара и главното име во аферата Рекет 3. Да не е член на СДСМ ( или да е дојден како “падобранец” на високи функции во СДСМ на предлог на Заев ) и да е човек од доверба на Заев.

Сега живееме во две “хистерии”: Бугарско вето за Македонија и криза со корона. Некој проценува дека тоа треба да се засили со Рекет 3 за да падне владата.

Ајде да видиме што ќе излезе на крајот!?