Поранешниот советник на Ѓорѓи Иванов, фамозниот Синиша Алексовски, кој постојано се споменува во јавноста, системот кој го користеше Никола Груевски на социјалните мрежи, а тоа се пет до шест илјади мобилни телефони кои се впрегнати во еден систем и се командуваат од еден робот телефон. Тоа е систем на лажни ботови. Тој систем Синиша Алексовски го креираше за Никола Груевски. Тој систем сега од Мартин Протуѓер и Синиша Алексовски му е даден на Димитар Апсиев.

Ова за емисијата Во Центар која се емитува вечерва ( недела ) во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov, го изјави лидерот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев.

Според Бачев, во 2015 година Левица е формирана од ВМРО ДПМНЕ, од тогашниот секретар Емил Димитриев и Сашо Мијалков кој прават план дека треба да се формира партија што ќе одземе гласови од СДСМ. Во тој момент во ВМРО ДПМНЕ проценуваат дека треба да ја ослабнат СДСМ со уште една наменска партија. Јас знам најмалку седум парии кои биле во коалиција со ВМРО ДПМНЕ а кој се направени по задача, вели тој.

Во 2015 година Мартин Протуѓер му ја дава скриптата на Димитар Апасиев како да ја води пропагандата. Сега гледате колку прекрасно Апасиев го “вози” народот по социјалните мрежи со тие негови изјави. Се тоа е според скриптата на Протуѓер која ја користеше и Груевски.

Еве само еден пример, вели Бачев. Кога го купија новиот мерцедес, за кој сега е осуден Груевски, според таа скрипта на Протуѓер како да се замајува народот Груевски го прави следното: Оди на митинг во Валандово и во селото Удово пред Валандово се симнува од мерцедесот и влегува во стара кола од владата. И народот вика гледајте го премиерот се вози во стара кола.

Втор таков пример, вели Бачев, е кога стана премиер Груевски рече дека нема да живее во вилата на Водно. А јас со сигурност можам да кажам, вели Бачев, бидејќи тогаш имав пријатели од неговото опкружување, дека од седум дена во неделата Груевски беше четири дена во вилата.

Овој ја игра истата улога. Стан му поклонува Мијалков, се вози со алфа ромео, а пред Собрание доаѓа со велосипед, вели Бачев.