Федералното биро за истраги на САД поставува командни центри ширум Америка за да ги подготват агентите во случај да избувне насилство по претседателските избори, објави Волстрит журнал.

ФБИ потврди дека седиштето во Вашингтон ќе биде команден центар каде ќе се проценуваат опасностите од можни закани по изборите.

Дополнителни подготовки од страна на ФБИ следеа по проценките на американските официјални лица дека по изборите може да има немири или уништување на имотот поради зголемени политички тензии и расни проблеми, пренесуваат агенциите.

Ќе бидат формирани специјални центри низ САД, така што агентите полесно ќе можат да го следат развојот на настаните и да комуницираат со локалната полиција.

Иако вакви центри беа формирани за време на претходните избори, шефот на канцеларијата на ФБИ во Сиетл, Абас Голфри, објаснува дека оваа година „грижите се присутни поради зголемените тензии што траат од летото“.

Тој исто така рече дека порано полицијата и ФБИ биле љзагрижени за можноста од терористички напади за време на изборниот процес, но дека оваа година целото внимание е насочено кон локалните групи, што може да предизвика немири.