Шефот на истражниот оддел на белорускиот КГБ, Константин Бичек, изјави, по приведувањето на вооружената група во близина на границата со Украина, дека бараат други групи кои поминале диверзантска обука за делување.

Антон Бичковски, претставник на Државниот граничен комитет, претходно изјави дека на 28 октомври граничарите привеле група „радикални вооружени луѓе“ во близина на украинската граница, од кои четворица се приврзаници на анархистичкото движење.

Државната телевизија ОНТ објави дека уапсените биле поврзани со неодамнешни случаи на палење во административни згради во Белорусија.

Според претставникот на КГБ, групата е формирана на територијата на Украина, а уапсените поминале обука за диверзија.

Тие се движеа по територијата на Белорусија исклучиво ноќе.

Комитетот за државна безбедност има информации за други слични групи и во тек се оперативно-истражни постапки со цел да се прекине нивната активност, рече Бичек.

Да потсетиме, претседателските избори во Белорусија се одржаа на 9 август. Централната изборна комисија објави дека на изборите победил Александар Лукашенко. Белоруската опозиција не ги признава тие резултати и смета дека победник е Светлана Тихановска. Ниту Брисел не го смета Лукашенко за легитимен претседател. Протестите против изборните резултати во Белорусија траат од 9 август.