Лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев, во вечерашната емисија Во Центар прв пат открива дека против него се водела истрага во рамки на случувањата поврзани со 27 април 2017 година и упадот во македонското Собрание.

Записникот против мене, вели Бачев, е на шест куцани страници, а целиот случај го води обвинителката Вилма Русковска. Целиот случај, вели тој, се потпира врз исказите на заштитениот сведок Ц-1. Бачев вели дека тој го знае идентитетот на тој сведок и дека станува збор за жена. Врз база на нејзините искази се осудени најголем дел од судените zа 27 април, вели Бачев.

Ме обвинуваа дека јас сум врската која го има пренесено Игор Југ на терироријата на јужна Србија, вели Бачев, а тоа воопшто не е точно, бидејќи кога беа случувањата на 27 април јас не бев во Скопје туку бев во Струмица. Тоа го покажуваат и тајното следење на мојот мобилен телефон од страна на тајната полиција, вели Бачев.

Тие тврдења за Игор Југ, се апсолутно неточни, вели Бачев. Но никој не говори која е позадината на случувањата од 27 април. Освен агентот Живањевиќ, таму во тој момент беа и два агенти на ЦИА и францускиот амбасадор.

Во вечерашната емисија Во Центар која се емитува на yotube каналот Vasko Eftov Бачев говори и за Димитар Апасиев.

Поранешниот советник на Ѓорѓи Иванов, фамозниот Синиша Алексовски, кој постојано се споменува во јавноста, системот кој го користеше Никола Груевски на социјалните мрежи, а тоа се пет до шест илјади мобилни телефони кои се впрегнати во еден систем и се командуваат од еден робот телефон. Тоа е систем на лажни ботови. Тој систем Синиша Алексовски го креираше за Никола Груевски. Тој систем сега од Мартин Протуѓер и Синиша Алексовски му е даден на Димитар Апсиев.

Ова за емисијата Во Центар која се емитува вечерва ( недела ) во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov, го изјави лидерот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев.

Според Бачев, во 2015 година Левица е формирана од ВМРО ДПМНЕ, од тогашниот секретар Емил Димитриев и Сашо Мијалков кој прават план дека треба да се формира партија што ќе одземе гласови од СДСМ. Во тој момент во ВМРО ДПМНЕ проценуваат дека треба да ја ослабнат СДСМ со уште една наменска партија. Јас знам најмалку седум парии кои биле во коалиција со ВМРО ДПМНЕ а кој се направени по задача, вели тој.

Во 2015 година Мартин Протуѓер му ја дава скриптата на Димитар Апасиев како да ја води пропагандата. Сега гледате колку прекрасно Апасиев го “вози” народот по социјалните мрежи со тие негови изјави. Се тоа е според скриптата на Протуѓер која ја користеше и Груевски.

Еве само еден пример, вели Бачев. Кога го купија новиот мерцедес, за кој сега е осуден Груевски, според таа скрипта на Протуѓер како да се замајува народот Груевски го прави следното: Оди на митинг во Валандово и во селото Удово пред Валандово се симнува од мерцедесот и влегува во стара кола од владата. И народот вика гледајте го премиерот се вози во стара кола.

Втор таков пример, вели Бачев, е кога стана премиер Груевски рече дека нема да живее во вилата на Водно. А јас со сигурност можам да кажам, вели Бачев, бидејќи тогаш имав пријатели од неговото опкружување, дека од седум дена во неделата Груевски беше четири дена во вилата.

Овој ја игра истата улога. Стан му поклонува Мијалков, се вози со алфа ромео, а пред Собрание доаѓа со велосипед, вели Бачев.