Раководството на Наполи е задоволно од работата на Џенаро Гатузо и неговиот договор ќе биде продолжен до 2023 година, јави Скај Спорт Италија.

Според истиот извор, тренерот на Наполи имал средба со клупскиот претседател Аурелио де Лаурентис и спортскиот директор Кристино Џунтули.

Двете страни на средбата ги договориле сите детаљи околу продолжување на соработката.

Италијанскиот новинар Николо Скира објави дека платата на Гатузо, без бонуси, ќе изнесува два милиони евра годишно.