Жена позитивна на Ковид-19 починала за време на летот на американската компанија „Spirit Airlines“ .

38 годишната жена која патувала на релација Лас Вегас – Далас најпрво имала потешкотии со дишењето, а подоцна и се онесвестила. Авионот принудно слетал во Ново Мексико, каде што од страна на лекарите било констатирано дека жената починала.

Дека жената починала од Ковид-19 било утврдено и објавено во извештајот за аутопсија објавен во Септември, каде што пишувало дека покрај коронавирус, жената имала и астма.

Како што изјави портпаролот на компанијата од страна на здравствените власти никогаш не биле побарани контакти од останатите патници, со цел да се спроведе епидемиолошка анкета и да се спречи ширењето на вирусот.