Руската надворешно разузнавачка служба проценува дека продлабочувањето на расколот во американското општество ќе продолжи без оглед на тоа кој ќе победи на претседателските избори.

Нашите проценки се: социјалната криза ќе се продлабочи, без оглед кој ќе победи на изборите. Очигледно е дека губитничката партија нема да се согласи со резултатите и тоа дополнително ќе ги охрабри радикалите да излезат на улиците, рече директорот на Руската надворешно разузнавачка служба, Сергеј Наришкин.

Претседателските избори во Америка ќе се одржат утре, а Американците ќе бираат помеѓу актуелниот претседател Доналд
Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден.

ФБИ се подготвени за можни немири по изборите во Америка!

Федералното биро за истраги на САД поставува командни центри ширум Америка за да ги подготват агентите во случај да избувне насилство по претседателските избори, објави Волстрит журнал.

Дополнителни подготовки од страна на ФБИ следеа по проценките на американските официјални лица дека по изборите може да има немири или уништување на имотот поради зголемени политички тензии и расни проблеми, пренесуваат агенциите.