Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи престојуваат во посета на Берлин каде вечерва ќе имаат средба со министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева. Која во последно време е децидна дека Бугарија нема да попушти во блокадата спрема Република Македонија.

Од МИА дека Димитров и Османи биле поканети од министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас и германскиот државен министер за Европа Михаел Рот да учествуваат на работен состанок во Берлин.

Целта на разговорите е да се најдат начини за приближување на позициите на Скопје и Софија и да се овозможи почетокот на преговорите на Република Македонија со ЕУ во рамки на германското претседателство.

Дали Димитров и Османи ќе можат да направат одреден прогрес во средбата со Захариева?