Оваа година е полна со пресвтрти и изненадувања. Сомнежи, грижи и неизвесна иднина. Под сите овие околности поврзани со корона вирусот не многу луѓе размислуваат за сезонскиот грип.

Со маска нема да се заразам. Лесно го поминувам. Грипот не ме плаши. Тоа се реченици кои многумина од нас си ги помислиле или ги кажале. Можеби е добро да се ослободиме од преголемата сабодоверба, добро да се информираме и да се самозаштитиме.

Вистината е дека секој може да фати сезонски грип.Компликации може да се појават и кај нас и кај наши најблиски. Но, дефинитивно постојат ризични групи кои треба да бидат повнимателни: бремени жени, деца до две години, луѓе над 65 години, како и хронично болните.

Добро познати и непријани симптоми: треска, течење на носот како и болка во мускулите не се единственото нешто кое им се заканува на горенаведените случаи. Тие можат да бидат и: пневмонија, кардиоваскуларни компликации, егзацербација на хронични заболуивања.

Обично една млада и здрава личност се опоравува од сезонски грип за една недела, но работите се поразлични за постарите лица или за оние со хронични болести.

Дијабетичарите имаат шест пати поголема шанса да бидат хоспитализирани откако заболеле од грип. Пациентите со грип имаат три пати поголема шанса да доживеат срцев удар.

За бремените жени грипот е опасен затоа што може да го загрози и нивното здравјето, но и здравјето на нивниот фетус.

Како да спречите сезонски грип?
Секоја година грипот ги расипува плановите на многу семејства, ја намалува нивната способност за работа и за жал им одзема животи на многу луѓе. Оваа година ситуацијата дополнително се комплицира со ширењето на коронавирусот со кој дополнително се бориме.

Добра работа е што мерките за заштита речиси се совпаѓаат. Од нас се бара одлична хигиена, носење на маски, избегнување на контакт со болни лица. Вакцината за ковид-19 се уште не е готова, но за среќа вакцините против грип постојат веќе подолго време. Покрај тоа тие се ажурираат годишно за да ги рефлектираат најчестите видови на грип во периодот.

Вакцините против грип остануваат најефикасна превенција против сезонски вируси. Добрата работа е што кај некои од ризичните групи, како што се луѓето над 65 години можат да ја користат вакцината бесплатно.

Сите ризични групи треба да водат сметка за своето здравје и навремено да размислат за превенција од сезонски грип. На овој начин тие ќе имаат можност барем малку да имаат помирна зима.