Министерот за одбрана на Бугарија, Каракачанов е категоричен: Ако сега клекнеме пред Македонија, утре ќе имаме проблеми дома.

Ова го рече министерот за одбрана и лидер на ВМРО Красимир Каракачанов во телевизиското густување на БТВ.

Во врска со односите со Македонија, Каракачанов коментира:

Бугарија мора да се однесува достоинствено, бидејќи секое клекнување пред Скопје сега ќе биде еднакво на создавање проблеми за нас утре.

На прашањето дали Бугарија клекнала пред Скопје поради Германија, Каракачанов одговори:

“Без разлика дали клекнувате на едниот или на другиот, тоа значи како да ставите волк во трлото и утре да имаме проблеми со тврдења за македонско малцинство во Бугарија.

Утре тие ќе сакаат населението во регионот на Ќустендил или во регионот на Благоевград да го учат измислениот јазик од 1945 година.

Министерот за одбрана исто така негираше дека имало притисок врз Бугарија од Германија во врска со Македонија. Според него, дали Македонија ќе биде дел од ЕУ зависи од македонскиот однос кон заедничка историја.

Нема начин како со такво коминтерновско размислување, со такво тропање на масата, да се влезат во ЕУ. Тие тропаат на многу врати, не само во Германија. Не им служи на чест, доаѓајќи во Бугарија да бараат разговори за компромис, а откако ќе одат во Брисел или во некои други европски градови да кажуваат лажни и навредливи работи на Бугарија, додаде Каракачанов.