Утре напладне се очекува Регулаторната комисија за енергетика да ги соопшти новоутврдените цени кои ќе важат за целата следна седмица.

Според последните промени кога бензинот поевтини, актуелните цени се за ЕУРОСУПЕР БС 95 – 58,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС 98 – 60,5 денари за литар.

Цената на дизелот не беше променета и моментално чини 50,5 денари за литар, а новата цена на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) е 50 денари за литар.

Какви ќе бидат новите цени останува да видиме.