Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност и слаб ветер и со максимална температура до 18 степени, најавуваат мееоролозите за денеска на скопското подрачје.

Во останатите делови од Македонија времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 11 до 22 степени.

За утрешниот ден метеоролозите најавуваат претежно облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец. Претпладне на крајниот исток ќе има услови за локален дожд.