Претседателските избори во САД се закажани за вторник, 3 ноември 2020 година, а последните анкети покажуваат дека овие избори ќе бидат многу неизвесни.

Расмусен Репортс вели дека Бајден има 48 проценти од гласовите, додека Трамп има 47 отсто.

Од друга страна, ИБД / ТИПП наведува дека Бајден има 49 проценти од гласовите, а претседателот на САД 46 проценти од гласовите.

Сепак, треба да се нагласи дека Хилари Клинтон имаше два отсто повеќе гласови од Трамп на изборите во 2016 година, но таа беше убедливо поразена поради изборниот систем.

Исто така, IBD / TIPP му даваа на Бајден предност од седум отсто пред само неколку дена, а новите резултати сугерираат дека Трамп го фатил залетот.

Сепак, разликата е многу мала и изборите, како што изгледа врз основа на овие анкети, ќе бидат многу неизвесни до самиот крај.