Заложничка драма во Виена: Терористите заробиле гости на еден ресторан! Хаос во Виена. Најмалку седум мртви. Се пукало од митралези!

Аустријска телевизија јавува дека напаѓачите, паралелно со пукање околу синагоге во центарот на Виена, во друг дел на градот земале како заложници гости на еден ресторан.

Инаку вечерва седум лица се убиени во близината на синагогата во центарот на Виена.

Австриската телевизија ОЕ24 јавува, повикувајќи се на полициски извори, дека во пукањето се убиени седум луѓе, а убиен е и еден од напаѓачите.

Според информациите на медиумите се слушнале околу 50 истрели на улицата, а пукање се слушнало и во барот во близината на синагогата.

Според некои информации, пукано е со митралези.  Полицијата за агенцијата АПА изјави дека не е исклучено да се работи за терористички напад.