Се работи за првите 10 месеци од годината, а парите што ги имаат потрошено само на Фејсбук се два пати поголеми во споредба со буџетот од 2016 потрошен на истата социјална мрежа. Една четвртина од овие пари е потрошена само во октомври.

Трамп затоа пак има повеќе пари потрошено на реклами на Гугл (што го вклучува и Јутјуб), каде двајцата кандидати имаат дадено вкупно 215,5 милиони долари (збирниот цех за Фејсбук е 192,3 милиони) од мај 2018.

Инаку Фејсбук во септември вети дека ќе ги забрани новите политички реклами на една недела пред изборите, и тоа стварно го направи, меѓутоа без некое посебно влијание бидејќи кампањите само ги вртеа рекламите што претходно ги имаа објавено. Експертите објаснуваат дека оваа мерка на Фејсбук е прилично неуспешна и затоа што гласањето во САД се одвива подолг период, а не само еден ден, па тоа што Фејсбук ќе запре реклами на една недела пред официјалниот ден на гласање и не менува многу. Деновиве беше објавено дека до 3-ти ноември најмалку 90 милиони Американци имаат гласано.

Затоа што Фејсбук е компанија и многу им е поважен профитот отколку каква било правда, социјалната мрежа беше критикувана дека не успеала целосно да ги спроведе сопствените правила за рекламирање, главно затоа што на едната кампања и овозможила да објавува некакви реклами а на другата истите и ги забранила.