Министерот Венко Филипче објави дека од денес брзите тестови ќе бидат бесплатни, а оние граѓани кои се тестирале во текот на вчерашниот ден и платиле, ќе бидат повикани и средствата ќе им бидат вратени.

„Брзите тестови во Здравствен дом од денеска се бесплатни за граѓаните. Оваа установа, минатата недела набави 4 илјади брзи тестови, а цената изнесуваше 1000 денари.

По добиената донација од 13 илјади тестови, ЗД договори со добавувачот да ги повлече претходно купените тестови и да се коритат само тестовите донирани од Министерството за здравство кои ќе бидат бесплатни за граѓаните. Лицата кои беа тестирани во текот на вчерашниот ден ќе бидат повикани и средствата ќе им бидат вратени. “