Ерменија ќе ја пречека Македонија  на Кипар, средбата од Лигата на нации ќе се одигра на неутрален терен поради војната во Нагорно Карабах.

Ова ќе биде натпревар од последното коло во Лигата на нации, гегрупа 2 од Ц-сегментот, ќе се одигра на 18 ноември со почеток од 18 часот на стадионот „ГСП“ каде своите натпревари ги играат екипите на  АПОЕЛ и Омонија.

Македонија до крајот на ова издание на ЛН ќе се сретне со Естонија во Скопје и Ерменија на неутрален терен, главното е на 12 ноември, гостуваме во Тбилиси, финале за пласман на ЕУРО 2021.