Македонкиот и сеуште актуелен европски машки ракометен првак Вардар ги почна подготовките за двата дуели од новата сезона во Лигата на шампионите со Кјелце, со ракометарите кои му останаа на располагање по репрезентативниот собир, како и самоизолацијата поради коринавирусот.  за безбедно продолжение со активностите „црвено-црниот“ табор направил и нови тестирања за своите членови и добил двајца нови играчи кои се позитивни на коронавирусот. Имињата не им се соопштуваат.

Играчите кои се со позитивни тестови немале контакти со своите соиграчи. Резултатите пристигнале пред да продолжат со тренинзите и тие воопшто не влегле во салата. Добра вест е што новоинфицираните немаат никакви симптоми и познато било дека се заразиле од свои блиски. Нивните позитивни тестови не се поврзани со претходните два случаји кои се појавија во тимот на „црвено-црните“.

Согласно здравствено-безбедносните протоколи двајцата ракометари нема да бидат со екипата. Останатите играчи ќе продолжат со тренизите и ќе мора да се придржуваат до сите дадени препораки од здравствените власти и од клубот.