Четворица терористи осомничени за нападот во центарот на Виена и се предадоа на полицијата по крвавиот напад во главниот град на Австрија.

Да потсетиме, вчера вечерта се случи пукање во близина на синагогата на Шведенплац во центарот на Виена, а според информациите на австриските медиуми, најмалку седум лица биле убиени.

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, изјави дека е формиран кризен центар во Виена и дека тој е таму заедно со австрискиот канцелар Себастијан Курц.