Уште од почетокот на пандемијата со коронавирусот, експертите ја споменуваат можната врска помеѓу недостаток на витамин Д и потешката форма на ковид-19. Имено, витаминот Д игра голема улога во нашиот имунитет и тоа е причината зошто научниците сметаа дека таква врска може да постои.

Шпански истражувачи од Универзитетот Кантабриа во Сантандер штотуку објавија студија која дополнително потврди дека дури 82 проценти од хоспитализираните пациенти со коронавирус имаат недостаток од овој витамин, што обично го добиваме од изложување на сонце, но со оглед на тоа дека со години е предупредувано дека „тоа не е толку здраво“ заради меланомот, не е ни чудо што витаминот Д е сè повеќе дефицитарен.

Но, научниците предупредуваат и дека некои други витамини, како и минерали и метали можат да му помогнат на имунитетот полесно да се справи со инфекцијата.

Шпански научници испитале 216 пациенти со ковид-19 во болница во Валдецила во северна Шпанија и откриле дека 82 проценти имаат недостаток на витамин Д и само 18 проценти се хоспитализирани со соодветно ниво на сите други хранливи материи. Од набљудуваните пациенти со недостаток на витамин Д, 44 биле префрлени на единици за интензивна нега, бидејќи нивната состојба се влошила, а 37 завршиле на респиратор.

Ова е причината што шпанските експерти ги повикуваат граѓаните да земаат дополнителни дози на витамин Д додека трае оваа пандемија, бидејќи ги зголемуваат шансите болеста да биде полесна и дека нема да бидат хоспитализирани.

Ова шпанско истражување е само едно во серијата истражувања на таа тема. Така неодамна, Британците објавија студија во која учествувале 5.000 волонтери кои земале витамин Д шест месеци и ја следеле ситуацијата, односно сакале да видат дали може да ги заштити луѓето од инфекција или барем од сериозна форма на болеста. Се покажа дека има предности.

Третманот на недостаток на витамин Д е особено важен кај постари лица и ризични пациенти со хронични болести како што е дијабетисот, рече др. Хозе Хернандез од Универзитетот Сантандер.

Експертите веруваат дека нивото на витамин Д под 20 нанограми на милилитар е знак на тревога, односно дека мора да се земаат додатоци за да се заштити организмот и да се зголеми имунитетот. Постојат многу докази што сугерираат дека витаминот Д е важен за регулирање и сузбиивање на цитокинскиот одговор на респираторните клетки и макрофагите на разни патогени, вклучително и респираторни вируси.

Шведското Министерство за здравство препорачува сите постари луѓе да земаат 800 меѓународни единици витамин Д на ден, бидејќи тоа го зајакнува имунитетот. Покрај тоа, недостаток на витамин Ц, кверцетин или цинк исто така може да влијае на имунитетот.

Имено, добро е покрај витамин Ц, да се земе кверцетин, антиоксиданс кој делува на имунолошкиот систем и спречува алергиски реакции. Патем, го има во кромидот, лукот, јаболката, грозјето. Се препорачува и мелатонин, кој не само што го регулира спиењето, туку влијае и на регулирање на температурата, крвниот притисок.

Препорачани дози на додатоци во исхраната за дополнителна заштита од ковид-19 во дневна доза:

Витамин Д3 – 1000 до 4000 ИЈ

Витамин Ц – 500 мг

Кверцетин – 250-500 мг

Цинк – 75-100 мг, и по еден месец намалете на 30-50 мг

Мелатонин – започнете со 0,3 мг и зголемете се на 2 мг (земено пред спиење)