Грчката авио-компанија Ејџиан ерлајнс ги суспендираше сите домашни и меѓународни летови кон и од аеродромот во Солун од денес до 17 ноември, поради заострувањето на мерките за сопрање на ширењето на коронавирусот во таа земја.

Сите патници кои претходно купиле билети ќе бидат информирани за опциите што ги имаат, пренесува агенцијата АНА.

Како што се наведува, тие ќе бидат информирани или лично од компанијата или преку порака.

Поради зголемениот број случаи на зараза со коронавирусот во Солун и уште три града се воведени рестрикции кои денес стапија на сила.