Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска имаше виртуелна консултативна средба со европратениците како олеснувачи на Дијалогот Жан Моне, Андреас Шидер, Марион Валсман и Илхан Ќучук.

Средбата беше во поширок состав, а беа поканети и вклучени и координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии во Собранието на Република Северна Македонија, Никола Мицевски, Јован Митрески, Арбер Адеми, Сурија Рашиди и Кастриот Реџепи. На средбата беше и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.