ИСИЛ ја презеде одговорноста за нападите во Виена, соопшти терористичката организација преку Телеграм, пренесува Ројтерс.

Претходно, министерот за полиција на Австрија, Карл Нехамер изјави дека нема индиции дека има друг напаѓач во случајот со терористичкиот напад во Виена, како и дека 14 лица се привремено уапсени.

Нехамер на прес-конференцијата истакна дека во терористичкиот напад биле убиени четири лица, како и напаѓачот, како и дека 22 лица се повредени.

Тој исто така изјави дека за време на истрагата и претресот поврзани со опкружувањето на убиениот напаѓач со албанско-македонско потекло, полицијата извршила претрес во 18 станови во Виена и Долна Австрија.