Германскиот министер за здравство ја бранел својата одлука за набавка на дополнителни залихи на антивирусниот лек ремдесивир за третман на ковид-19, истакнувајќи дека овој лек на Гилеад е корисен особено во раните фази на болеста.

„Бидејќи има смисла во некои ситуации и затоа што побарувачката е значително зголемена, набавивме дополнителни залихи на ремдесивир“, рече Јенс Шпан на прес-конференцијата.

Германија вчера објави дека побарала околу 5 проценти од залихите на ремодесивир според шестмесечен европски договор со Гилеад, и покрај критиките дека нема докази дека лекот против ебола е ефикасен против ковид-19.

Уве Јансенс, шеф на германското здружение за интензивна нега ДИВИ, рече дека студијата спроведена од СЗО за ремдесивир, која ја доведува во прашање неговата ефикасност кај ковид-19, сè уште не е разгледана.

„Затоа гледаме на тоа со претпазливост“, рече тој, додавајќи дека верува оти има смисла да се користи лекот во раните фази на третманот.

Швајцарските лекари за Ројтерс изјавија дека и тие продолжуваат да го користат ремдесивир во болниците.