Четири лица и еден напаѓач загинаа во терористичкиот напад во Виена. Повредени се 22 лица.

На социјалните мрежи се појави видео од апсењето на исламист во Линц, кој наводно е поврзан со нападот во Виена.

Денес во акции низ Австрија беа уапсени 14 лица поврзани со нападот и напаѓачот.

Ова апсење покажува дека Линц не е заштитен ниту од опасностите од исламски тероризам. Очекувам дека сите кои се вклучени во овој терористички акт и кој било друг ќе бидат строго казнети. Исламистите познати на властите мора веднаш да бидат депортирани, рече заменик-градоначалникот на Линц коментирајќи го апсењето.