Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер на вонредната конференција изјави дека полицијата сè уште трага по барем еден вооружен напаѓач. Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

Училиштата утре остануваат затворени. Не ги праќајта деца во училишта, рече Нехамер.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека напаѓачите биле многу добро обучени и дека вечерашниот напад врз Виена е дефинитивно терористички.

Терористичкиот напад беше „многу професионално“ подготвен. Напаѓачите се добро вооружени – изјави Курц за локалните медиуми.

Според австриските медиуми, екипите за деминирање дошле на местото каде лежи безживотното тело на убиениот напаѓач, кој има елек околу себе. Се верува дека е полн со експлозив. Медиумите јавуваат и дека во близина на него е пронајдена поголема количина муниција.

Откриена е локацијата на нападот Полицијата уште еднаш потврди дека нападот бил извршен на шест локации. Атентаторитепукале кон луѓето во кафеаните

Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, по состанокот на кризниот штаб, вечерва потврди дека атентаторите во центарот на Виена пукале кон луѓето кои седеле во кафулињата.

Повеќе од 1.000 луѓе беа заробени во Виенската опера, додека потерата по напаѓачите е во тек, а според непотврдени информации, еден од нападите бил извршен недалеку од таму.