Ракометната федерација на Македонија, потврди дека сите ракометари се негативни на коронавирус на последното тестирање кое е натпревано пред утрешниот натпревар против Финска. 

„Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на ЕХФ ЕУРО  2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна Федерација на Македонија ги спроведе последните тестирања за детекција на вирусот COVID – 19.

Ве информираме дека сите резултати на спроведените тестови на ракометарите и стручниот штаб се НЕГАТИВНИ, воедно селекцијата на Финска го потврди списокот на делегацијата која пристигнува и се со НЕГАТИВНИ тестови“, стои во соопштението на РФМ.