Ќе останете надвор од ЕУ ако не признаете дека сте Бугари, напиша бугарскиот шоумен и во моментот најпопуларниот бугарски политичар, Слави Трифунов.

Ако Македонците не прифатат дека имаат бугарски корени нема влез во ЕУ, вели тој и додава. Тоа е најдобриот предлог. Или ќе го прифатите или нема ЕУ.

Трифонов тоа го напиша на својата фејсбук страна:

Предлогот до Македонците, оп, извинете – северните Македонци, ако ги признаат своите историски бугарски корени, и ние ја признаеме моменталната состојба на работите, а моменталната состојба е да ги признаеме македонскиот јазик и нација -тоа е за нив најдобриот предлог  што можат да го добијат.

И тоа во ситуација кога целата нивна сегашна државичка се заснова на антибугарска реторика, нарекувајќи нè Бугари – Цигани и Татари.

Почитувани Македонци, извинете – северномакедонци, ќе се навикнам, но ми треба време – да бидам искрен, јас сум многу толерантна личност, но сè има свои граници. Ве гледам како чекате бугарски пасоши, гледам како доаѓате на бугарското црно море и бугарските летувалишта, гледам како вашите деца доаѓаат да учат на бугарските универзитети, гледам како мислите дека „Јовано, Јованке“ е македонска, извинете, северномакедонска песна,  и се прашувам – зошто, луѓе?  Нели сме цигани и татари?

Значи, сакате цигански пасоши, доаѓате во Татарското Црно Море, студирате на цигански универзитети и „Јовано, Јованке“ е  на крајот циганска песна ( да ми проста Циганите – тој толку емотивен и раселен народ низ целиот свет)

Значи, Северна Македонија нема да добие подобар компромис и ако не се усогласи со нејзините историски бугарски корени, таа ќе постои надвор од Европската унија.