Претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер го осуди како што го нарече овој „уште еден грд терористички акт“ во Виена, додавајќи дека „нападите на злото” мора да престанат.

„Соединетите држави стојат заедно со Австрија, Франција и цела Европа во борбата против терористите, вклучително и радикалните исламистички терористи“, напиша актуелниот претседател и републикански кандидат пред изборите.

„Овие напади на злото врз невините мора да престанат“, додаде Трамп.