• Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.
  • На седницата беше донесена и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.
  • Владата усвои и препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на државата, по 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.