Бројни припадници на полицијата на ЕУЛЕКС ја опколија куќата на поранешниот портпарол на Ослободителната војска на Косово, Јакуп Красниќи. Специјалниот суд за злосторства на ОВК потврди дека „операцијата во Приштина“ е во тек.

Специјалниот суд за злосторства на ОВК го потврди тоа за време на операциите во Приштина, кои се поддржани од косовската полиција и ЕУЛЕКС, но без дополнителни објаснувања за какво дејствие станува збор.

Извори од косовскиот медиуми наведуваат дека сè уште не е позната причината за тоа. Според тие медиуми, ЕУЛЕКС продолжува да го блокира патот на кој се наоѓа куќата на Красниќи.

Приштинската „Коха доторе“ објави дека веста е потврдена од канцеларијата на специјалниот обвинител. Како што им беше кажано од таа канцеларија, специјалните единици се на терен и ја спроведуваат акцијата со помош на косовската полиција.

Повеќе информации до јавноста ќе бидат проследени подоцна – се наведува во соопштението на канцеларијата на Специјалното обвинителство.

Приштинските медиуми објавија дека специјалната акција започна во шест часот утрово.

Јакуп Краниќи е една од главните личности на ОВК, за време на војната беше на висока позиција како портпарол на ОВК. Тој извршуваше високи функции како претседател на Собранието на Косово и министер во Владата.