Луксузниот моден бренд повторно се најде на мета на критики поради продажбата на искинати хулахопки по цена од вртоглави 140 евра.

Италијанската модна куќа ги шокираше корисниците на социјалните мрежи откако ги претстави своите скапоцени црни хулахопки. 

Фотографиите прикажуваат манекенка која рекламира хулахопки со очигледни оштетувања кои вклучуваат големи дупки и траги од искинат материјал на десната нога. На другата страна, хулахопките поседуваат дупка околу подрачјето на колената.

Со ваквиот дизајн, креаторите сакале да постигнат впечатлив „гранџ“ стил кој веќе некое време е популарен во модната индустрија.

Фотографиите од хулахопките кои изгледаат како нашите стари хулахопки кои обично веќе при првото кинење ги фрламе во канта, предизвикаа бурни реакции кај луѓето.