Ајда Гезгин која има само 4 години е извлечена жива од под урнатините на една зграда во Измир, дури 4 дена по силниот земјотрес кој однесе 100 животи. 

Таа 91 часа била под урнатините. 

Додека спасувачите ја носеле завиткана во заштитно ќебе, девојчето прозборело и побарало да ја види својата мајка, на што толпата аплаудирала. 

Мајката на Ајда не преживеала, а нејзиното тело, нешто подоцна е пронајдено под урнатините на зградата.

„АП“ дознава дека таткото и братот не биле во зградата во моментот кога се урнала. 

Тунч Сојер градоначалникот на Измир вели дека ова е чудо. 

Претходно, три деца без извадени од под урнатините по 3 дена откако се случи земјотресот.