Владата на вчерашната седница ги менуваше и членовите на Одборот на директори во Македонски Телеком.

Владата му препорача на Собранието на акционери на Македонски Телеком, да ги отповика од должноста членови на Одборот на директори: Сашо Велевски од неизвршен член, Замир Мехмети од неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од неизвршен независен член, Мирослав Вујиќ од неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на Одборот на директори.

За членови на Одборот на директори да ги избере:
– Шкодране Зенуни Дарлишта – неизвршен член
– Бардул Насуфи – неизвршен член
– Зоран Китанов – извршен член
– Нина Ангеловска – неизвршен независен член
– Садула Дураку – неизвршен независен член, и
– Аќиф Мехдиу – неизвршен член