Кога станува збор за резултатите од претседателските избори во Америка, ситуацијата е толку неизвесна што е скоро невозможно да се предвиди дали Доналд Трамп ќе остане во Белата куќа или дали демократот Џо Бајден ќе биде нејзин нов станар. Шансите на Бајден се сега многу поголеми.

Сè малку потсетува на изборите во 2000 година и дуелот помеѓу Ал Гор и републиканецот Џорџ В. Буш, кога победникот беше решен со само неколку стотици гласови. Три недели по изборите, на 26 ноември, државата Флорида го прогласи Буш за победник и 25 гласови од електорите му припаднаа на него.

На овие избори најголемата борба се води околу Мичиген, Пенсилванија, Невада, Џорџија и Северна Каролина и во зависност од тоа како ќе се распределат гласовите таму, односно на кого ќе му припаднат нивните електори, ќе знаеме кој ќе победи. Важниот Висконсин сега е во рацете на Бајден, што му ја комплицира ситуацијата на Трамп.

Трамп сè уште може да земе некои клучни држави, пред се Пенсилванија.

Според предвидувањата, Бајден ќе победи ако успее да собере 36 гласа на електорите, односно да победи во Мичиген и Пенсилванија.

Сепак, имајќи предвид, дека тој веќе го освои Висконсин и во моментов има 237 гласа на електорите, потребно е само ситуацијата во Невада, Аризона и Мичиген да остане таква како што е сега (води Бајден) и тоа ќе му донесе точно 270 електори.

Како ќе победи Трамп?

Бидејќи тој води во Пенсилванија, дури и да победи таму, за да победи на изборите, тој мора да ги добие гласовите на електорите во Невада, Северна Каролина и Џорџија.

Во моментов Трамп води во Северна Каролина и Џорџија, но не и во Невада.

Без Пенсилванија, ситуацијата е премногу комплицирана за Трамп бидејќи Висконсин веќе му припадна на Бајден.