Во Вашингтон, недалеку од Белата куќа, четири лица се повредени во напад со нож, пренесува Ен-Би-Си. Полицијата соопшти дека повредените се идентификувале како приврзаници на Доналд Трамп.

Тројца мажи и една жена се повредени. Тие биле пренесени во болница, но нивните повреди не се опасни по живот.

Според Ен-Би-Си, полицијата објавила дека жртвите на нападот изјавиле дека се членови на десничарската организација „Горди момци“, која го поддржува сегашниот американски претседател Доналд Трамп.

Коосновачот на таа организација, Енрике Тарио, за медиумите изјави дека здобил рани на стомакот, додека една девојка била прободена со нож во грбот.

Досега никој не е уапсен за овој инцидент.