Блумберг објави дека обложувалниците сега го наведуваат Трамп како фаворит за победа на изборите во САД.

Во моментов, Трамп е голем фаворит според обложувалниците – коефициентот за неговата победа е од 1,30 до 1,8.

Новинарот на Њујорк Тајмс објави дека неколку стотици гости се собрале во Белата куќа, каде Трамп ги следи резултатите, а се гледа само Фокс Њуз.

Гардијан пишува дека од советникот на Трамп им било кажано дека во клучните држави има голема борба меѓу Бајден и Трамп. Неименуваниот советник рекол дека се тоа шест држави, но тој верува дека Трамп може да победи. „Ако Бајден победи на Флорида, сè е готово. Но, ако Трамп ја освои Флорида, тогаш одиме понатаму, рекол советникот.