За време на 3Д-мапирање на морското дно, австралиските научници откриле гребен широк 1,5 километар и висок повеќе од 500 метри, што го прави повисок од „Емпаер стејт билдинг“ во Њујорк, која има дури 102 ката.


Откриениот гребен се наоѓа на дното на епиконтиненталниот појас, но не е дел од Големиот Корален Гребен. Горниот дел не е покриен со тврди корали, туку со голем број сунѓери, морски дрвја и меки корали, што укажува на тоа дека оваа област е богата со хранливи материи што ги носат длабоките водни струи.

Камерата на подводниот робот што го истражувал гребенот покажала дека во него живеат мноштво риби, вклучувајќи бакарна тетра и сива гребенска ајкула.


Научниците од институтот „Шмит Оушн“ веќе неколку години го истражуваат океанот околу Австралија, но ова ново откритие може да им зададе уште повеќе години за истражување.


Во претходните истражувања, тие забележале ретки подводни организми познати како сифонафори, кои можат да бидат подолги од 40 метри, но и други видови што мора да се истражат, како што се црни корали, сунѓери и риби.