Еве една нивна анализа. Доколку часовите на раѓање од Astrotheme се точни:

Сонце во конјункција со Уран и Раху во 10-та куќа во Близнаци или Сонце и Стелиум во 12-та куќа во Шкорпија?

И двете натални се екстремно моќни.

Со оглед да тоа дека Трамп е роден со Асцендент на Регулус (вечен победник во сè што ќе допре), малку невообичеан и ексцентричен заради Уран до Сонцето, но многу емотивен со Венера и Сатурн во Рак и посветен на неговата земја и народ (Рак), и со оглед на тоа дека денес Месечината поминува низ Близнаци, многу е можно токму Трамп да биде следниот претседател на САД.

Бајден е исто така моќен, но со оглед на Сонцето во 12-та, школски, астролошки не би било можно да биде претседател, иако е многу богат и моќен. Премногу моќен. Сепак него го чекаат квадрати од Сатурн веќе од следната година а тоа е доста тежок предизвикувачки период.
Бајден има егзалтиран Јупитер во Ра, но во 8-мо поле. Преголемо богатство од финансии и сознанија.

Еклипсите се климави за Трамп. Од една страна Раху над Сонцето вели победа, од друга страна Кету над Месечината вели не.
Венера му е на удар од транзитен Сатурн. Ова означува осаменост, но и Сатурн е во игра, кој е владетел со 6-то поле на здравје и кој има опозиција од транзитен Сатурн = болеста која ја надмина.

Но ова би можело да значи и голем пресврт во животот. Можеби короната веќе му беше пресвртот или пресвртница. Или пак ненадејно да се откаже, што не верувам заради Асцендентот на Регулус.

Како и да е, резултатите ќе доцнат заради Меркур Статичен директ во Вага, во квадрат со Сатурн и Марс веќе статичен на 15 степени цел Ноември, додека не земе привидно брзина. Инаку на 14-ти ќе тргне директно.

Овие следни денови се многу комплицирани за сите.

Денес сигурно гласале многу млади луѓе заради Месечината во Близнаци.
Ѕвездите му се наклонети на Трамп.

Веќе јавија некои медиуми дека поштата со резултати доцнела, а излезноста е рекордна од 1900-та година.

Младите ќе одлучат што ќе биде со иднината на САД. Излезноста е од младите. Меркур владее со Близнаците, а тој стана видлив во Вага над Јупитер во Вага на Трамп.

Има Сонце тригон Јупитер. Затоа е и голем верник.

Луѓето го забележуваат прво неговото урановско Сонце (ексцентричноста), но тоа значи и прогресивност.

Никој не го гледа вистински. Неговите емоции се силни.

Астролошки толку околу изборите во САД кои се екстремно важни за Светот.