Иако конечните изборни резултати во трката за претседател на САД се уште не се познати, снимките од Вашингтон покажуваат дека немирите веќе започнале кога неколку демонстранти се судриле со припадници на полицијата.

На видеата се гледа како полицијата се обидува да се распореди и им порачува на насобраните демонстранти да се повлечат, додека демонстрантите ги туркаат полициските велосипеди и им викаат.

РТ известува дека голем број демонстранти се собираат околу Белата куќа. Во пресрет на изборната ноќ и пресрет на можни немири, продавниците, рестораните и кафулињата во Вашингтон ги заштитија своите излози и врати со дрвени конструкции и метални шипки.