Одлично ни оди, но тие се обидуваат да ги украдат изборите. Никогаш нема да им дозволиме да го сторат тоа. „Гласовите не можат да придтигнуваат затоа што гласачките места се затворени“, напиша Трамп.

Твитер веднаш стави знак на твитот на Трамп дека „дел или целата содржина е оспорена и може да биде погрешна во однос на начинот на учество на изборите“, и твитот не може да се сподели.

Неговата реакција следеше веднаш по јавното обраќање на противкандидатот Џо Бајден, кој објави дека тие се „на пат кон победа на изборите“.

Во моментот Трамп има 212 електори а Бајден 223. Но Трамп води во сите клучни држави.