Претседателот на САД Доналд Трамп објави дека резултатите се феноменални и дека тој ќе победи на претседателските избори.

Бевме подготвени да ја прославиме победата, луѓето излегоа на гласање во рекорден број. Победивме во Флорида, Охајо, Тексас. Победивме и во Џорџија, тие не можат да не стигнат до нас. Победуваме и во Северна Каролина, рече Трамп во јавно обраќање.

Благодарејќи на американскиот народ, милиони гласаа за нас денес, а голема група луѓе се обидуваат да го девалвираат тоа и ние нема да им го дозволиме. Ние се подготвувавме за прославата и сега сè е откажано, рече тој.

Граѓаните на оваа земја излегоа на гласање во рекорден број, ја добивме Флорида. Го добивме Охајо, Тексас. Јасно е дека ја добивме Џорџија, тие не можат да не стигнат таму. Ја добивме и Северна Каролина, ниту тие не можат да не стигнат таму. Имаме шанса и во Аризона иако некој таму прогласи победа за Бајден, и тоа е можно, но таму има гласови што би можеле да ги добиеме и може да се сврти резултатот. Но, не ни треба тоа. Постои шанса можеме и таму да победиме, тоа е мал број гласови.

Но, најважно од сè, победуваме во Пенсилванија со многу гласови, рече Трамп, прекинат од громогласен аплауз.


го добиваме во Пенисилванија со голем број гласови “, рече Трамп, прекинат со громогласен аплауз.