Броењето на гласовите на претседателските избори во САД сè уште трае, но сигурно е дека предноста ја има демократскиот кандидат eо Бајден.

Она што е веќе познато е дека одзивот е рекорден, но и дека Бајден освои повеќе гласови во споредба кој било друг од претходните претседателски кандидати во историјата на претседателските избори во оваа земја.

Бајден досега освои 69.543.071 глас, што е рекорд.

Досега рекордот со најмногу освоени гласови го држеше Барак Обама со 69.498.516 гласа.

Трамп освои околу 2 милиони гласови помалку од Бајден, но сигурно повеќе отколку во 2016 година, кога се натпреваруваше против Хилари Клинтон.