Рускиот милијардер Олег Дерипаска смета дека сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, нема да победи на изборите, туку Кина.

Јасно е дека Трамп не сака да замине, но тој ќе мора. Тоа е силата на демократијата, иако е многу погодена од вуханскиот вирус. Победата мора да ја добие Кина, која не се плашеше да ризикува. Се чини дека светот ќе биде шокиран од нестандардните одлуки на претседателот Си (Џинпинг) напиша Дерипаска на својот канал на телеграм.

Во меѓувреме, пребројувањето на гласовите се уште не е завршено иако трката за Белата куќа станува прилично извесна. Според последните резултати на „Фокс њуз“, Бајден има 264 изборни гласови, а Трамп има 214 (потребни се 270 за да победи)