Министерството за здравство ќе изврши промени на раководните позиции на неколку клиники и болници, известува Канал 5 Телевизија.

На токсикологија доаѓа доктор Ридван Бајрами од ГОБ „8-ми септември, а клиниката за детски болести ја презема поранешната директорка, Аспазија Софијанова. Доктор Софијанова освен што е врвен лекар, во минатото покажа дека е и добар менаџер, водејќи ја Клиниката за детски болести повеќе од 10 години.

Засега овие информации не се целосно потврдени, а имињата на новите директори официјално ќе бидат познати утре.