Кујтим Фејзулаи, виенскиот терорист со северномакедонски корени, живеел на сметка на државата, во стан платен од градот Виена, пишува „Кронен Цајтунг“.

Тој го мразел градот што му го финансирал животот и за рекордно време добил субвенциониран стан и покрај тоа што одлежал затворска казна за обид да им се придружи на екстремистите во Исламската држава во Сирија.

20-годишникот аплицирал за програма за поддршка на млади граѓани на Виена на 11 февруари 2020 година, а на почетокот на мај потпишал договор за закуп, додека другите чекале со години. Користел стан од 41,9 квадратни метри. Фејзулаи добивал и социјална помош од 917,35 евра, а таа сума требало да се намали на почетокот на декември поради недостаток на средства.

Кујтим Фејзулаи ладнокрвно уби четири лица во Виена во понеделникот вечерта, а беше усмртен од полицијата. Одговорноста за нападот ја презеде ИСИЛ.